Ахмети повторно си тера лоша политика: ,,Македонците нема да постоеле ако не соработувале со Албанците”

t

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во своето обраќање на денешната свечена академија по повод одбележувањето на 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор порача дека сопственоста на држава за која се размислувало во 90тите години треба да се заборави затоа што како што рече, заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на лошото.

Тој им порача на Македонците дека мора да соработуваат со Албанците, во спротивно ќе бидат прголтани од соседите.

– Македонците како нација можат да напредуваат само во добра комуникација, хармонија и однос со Албанците. Во спротивно, ќе бидат проголтани од Србите, Бугарите и од Грците. А ова не ви го кажувам само овде, им го кажав на сите политички претставници на македонската заедница. Само со нас, со соработка и заеднички живот можат да си ја зачуваат својата историја, својот национален идентитет, инаку им е судено да не постојат. Така што, нека биде ова комеморација на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор кој има посебна заслуга за тоа што оваа земја не беше поделена, не се раздели, затоа што не прифати ОВК, туку прифати целосен договор меѓу двете заедници и малите заедници во нивните области каде што живеат. Затоа, ние го штитиме, се бориме овој договор ниту да биде прекршен ниту загрозен, затоа што е спас и за Албанците и Македонците како две најголеми заедници. Сопственоста за која размислуваа во 1990-тите треба да се заборави затоа што заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на лошото. Во оваа ситуација, какви драматични и опасни случувања има во Европа, недалеку од нас , навистина сите треба да мислиме дека Европа е во пламен и во војна – изјави Ахмети.

Со посебен настан ДУИ и коалицијата Европски фронт денеска го одбележаа денот кога пред 23 години беше потпишан Рамковниот договор.

Истовремено со прославата Владата на Македонија одржа свечена седница на која свои обраќања имаа премиерот Христијан Мицкоски и првиот вицепремиер Изет Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети повторно си тера лоша политика: ,,Македонците…

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во своето…

СЕКОЈА ЧЕСТ: Ангелов ги испрати „ер тракторите“’…

Директорот на Центарот за управување со кризи…

СДСМ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак…

Додека ВМРО-ДПМНЕ секој можен ден ја труе…

Ако се случи ова, има надеж за…

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски…

Русија и подари 447 кози на Северна…

Руското надзорно тело за безбедност на земјоделството…