Објавено на:

Ахмети се сретна со австрискиот амбасадор: Австрија го подржува интегративниот процес на Македонија во ЕУ

t

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети, денес се сретна со амбасадорот на Република Австрија, г. Георг Вуцас.

На средбата беше изразена силната поддршка на Република Австрија за европските перспективи на Република Македонија, а се поздрави и новата динамика на преговорите меѓу Скопје и Софија за изнаоѓање заедничка точка до финализирање на еден конечен договор и добивање датум за одржување на првата меѓувладина конференција.

Ахмети исто така му се заблагодари на амбасадорот Вуцас за пријателската поддршка што австриската држава ѝ ја дава на нашата земја на сите можни области како стратешко-економски партнери укажувајќи дека билатералните односи меѓу Скопје и Виена треба да се продлабочат и дополнително да се унапредуваат.

Извор: Макфакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…