Ахмети се сретна со британскиот амбасадор: Уставните измени да се усвојат без пролонгирање

t

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес оствари средба со амбасадорот на Велика Британија во земјата, Метју Лосон.

Ахмети и Лосон поразговараа за политичкиот моментум, важноста на политичката стабилност, европската алијанса на прогресивните сили, единството за усвојување на уставните измени без пролонгирање и целосниот фокус на земјата во спроведување на реформите за забрзување на процесот на интеграција во Европската Унија.

Ахмети изрази благодарност за поддршката што британската држава отсекогаш ја давала на процесите за демократски и економски развој на земјата, на членството во НАТО и интеграцијата во Европската унија, како и за конструктивната поддршка во надминувањето на споровите во духот на добрососедството и унапредување на европскиот пат.

Ахмети го информираше амбасадорот Лосон за информативните средби што Демократската унија за интеграција ги одржува со граѓаните под мотото “Заедно кон Европа” за да се пренесе јасна порака за здружување на силите во мисијата за интеграција.

Сојузот за Европа на прогресивните партии е иднината, нагласи меѓу другото Ахмети.

Амбасадорот Лосон ја повтори британската поддршка за европската интеграција на Македонија, како и на реформите во земјата, но и на големиот интерес за зголемување на британските инвестиции во нашата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…