Ахмети: Јас не сум функционер туку мисионер, мојата мисија не е завршена – Ќе ме носите “на врат” уште четири години
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека ќе се работи на менаџирање на ситуацијата во партијата откако вчера група поранешни и сегашни истакнати фуннкционери и членови на партијата упатија писмо до Ахмети појаснувајќи му дека не се задоволни од работата на Артам Груби.
– Пратениците не верувам дека ќе ја ризикуваат иднина на генерациите. Ова е дневна политика. Не е нешто што не може да се менаџира и да се надмине. Ние не отстапуваме од нашата платформа. Секогаш имало незадоволство и дебати и сум бил отворен за предлози и мислења. Поголем дел од ДУИ не сака анархија, сака правила, мир и дебата – истакна Ахмети.
Ахмети на прашањето дали ќе има избори за негова промена во 2023 година вели дека тој е мисионер, а неговата ммисија не е завршена.
– Јас не сум функционер, јас сум мисионер, мојата мисија сѐ уште не е завршена. Ќе ме „имате на врат“ и наредните четири години – одговори Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…
Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…
Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…