Аца Лукас ги откажа концертите, ова е причината

t

Аца Лукас веќе неколку дена има висока температура, поради што морал да откаже три концерти. Пејачот примал терапија и бил на инфузија, но неговата состојба не се променила, па бил принуден на овој потег.

Тој ги информираше своите фанови за одложувањето на концертите во трите града и посочи дека секако ќе ги одржи штом ќе се укаже прилика.

-Драги мои, бидејќи се разболев и имам висока температура, ќе бидам принуден да ги откажам настапите за прв пат во последните две години. Се надевам дека многу брзо ќе закрепнам за да го продолжиме нашето дружење. Сите оние кои купиле билети за концертите ќе бидат известени за новите термини. Ви благодарам за разбирањето, напиша Лукас на својот Инстаграм профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Излезете на следниот марш, ние сме…

Повикувам на масовност, јас марширам на секој…

Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат…

„Со жалење можам да констатирам дека за…

СДСМ организира трибина „Македонија понижена – една…

Утре (недела, 22.06.2025 година) во седиштето на…

Нема притвор за лицето со синиот ранец…

По распит отво полиција, судот ги прифатил…

Комисијата не најде грешка во работењето на…

По направениот стручен надзор во болницата во…