Нема притвор за лицето со синиот ранец на Палчо, туку мерки за претпазливост и одземен пасош
По распит отво полиција, судот ги прифатил предлозите на обвинителството и на Зоран Давитков му одреди мерки на претпазливост додека трае истрагата, а згора на тоа му го одзеде и пасошот.
Давитков стана интересен за обвинителството откако вчера обвинетиот Велибор Манев го посочи како лицето што од седиштето на партијата Десна го изнел синиот ранец на Љупчо Палевски во кој наводно се наоѓале моторолите со кои обвинетите комуницирале и пиштолот со кој се убиени Вања и Панче.
Во меѓувреме биле извршени и претреси на две локации.
-Според исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање на орудијата со кои се извршени кривичните дела за кои е пропишана казна доживотен затвор. По пренесени инструкции од првообвинетиот, осомничениот од просториите на политичката партија Десна зел еден син ранец во кој е наоѓало огнено оружје пиштол – со кој биле извршени двете кривични дела и го отстранил од партијата. Со тоа им помогнал на обвинетите да не бидат откриени.. – Велат од ОЈО Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…