Објавено на:

Ајде реприза: Одобрена вакцина против мајмунски сипаници

t

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека одобрила вакцина против големи сипаници да се применува во превенција од мајмунски сипаници.

ЕМА препорача антивирусната вакцина Имванекс да биде вклучена во заштитата на возрасните лица од мајмунски сипаници, соопшти европскиот регулатор за лекови.

Се оценува дека вакцината против големи сипаници обезбедува цврста заштита од мајмунски сипаници, но не е познато колку долго трае заштитата по вакцинацијата.

Вакцината Имванекс, произведена од данската компанија „Бавариан Нордик“, во ЕУ е одобрена од 2013 година за превенција од големи сипаници. Вакцината содржи жива модифицирана форма на вирусот наречен Анкара, што е поврзан со вирусот на големи сипаници.

Ситуацијата со мајмунски сипаници се влоши во изминатите недели, а сега има повеќе од 15.300 заразени во 71 земја, покажуваат најновите податоци на санитарните власти во САД.

Мајмунски сипаници првпат се дијагностицирани кај човек во 1970 година, но болеста е помалку опасна и заразна од големите сипаници кои се искоренети во 1980 година.

Мајмунските сипаници се карактеризираат со рани на кожата, што можат да се појават на гениталиите или на устата. Болеста е придружена со треска, болки во грлото и болки во лимфните јазли и осип што наликува на сипаници. Болеста обично поминува сама по себе, но може да биде многу болна.

Резервите на вакцината Имванекс во ЕУ во моментов се многу ограничени. Вакцината Имванекс е одобрена на американскиот пазар под името Џенеос, и се аплицира за превенција од мајмунски сипаници и од големи сипаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алармантен пораст на случаите на сипаници во…

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата…

Биотехнолошките компании сакаат да лансираат вакцина против…

Биотехнолошките компании сакаат да лансираат вакцина против…

Германска компанија претстави лек против рак: Туморот…

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги…

Воскреснуваме стари болести: Невакцинирањето ја донесе Црна…

Црногорскиот Институт за јавно здравје, повторно апелираше…

САД размислуваат да препорачаат годишна вакцина за…

САД најверојатно ќе почнат да препорачуваат годишни…