Германска компанија претстави лек против рак: Туморот престанал да расте кај сите пациенти
Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите со својата вакцина против рак CARVac.
Првите резултати од истражувањето покажуваат дека туморите може да се запрат во растот, а понекогаш дури и да се намалат. Првите успеси се случија по две од четири дози на вакцинацијата.
На повеќето учесници во студијата (59 проценти) туморите им се намалиле за најмалку 30 проценти. Покрај тоа, туморот престанал да расте кај речиси сите пациенти (95 проценти) по вакцинацијата. Како и вакцината против Ковид 19, вакцината се базира на технологијата на mRNA.
Новата вакцина е развиена од тим предводен од основачот на Бионтек Угур Шахин (58) и основачот Озлем Турецчи (56).
Досега по четири дози примиле 44 пациенти. Успехот бил особено висок по две дози, по четири дози туморите биле намалени за најмалку 30 проценти на нешто помалку од половина (45 проценти), а ракот бил стабилизиран кај 74 проценти од сите пациенти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: Случаите на рак на глобално ниво…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека…
Ѓорѓиевски: Еднократна парична помош за онколошките пациенти
Во рамки на Програмата за активности во…
Светски ден на борба против ракот: Пушењето…
По повод Светскиот ден за борба против…
Чарлс III откри нови детали за својата…
Британскиот крал Чарлс III со британската нација…
Да му помогнеме на Божидар: 12-годишното момче…
Божидар Коцевски има само 12 години, а…