Ај што е незаконски назначен… Новиот директор на затворот во Прилеп има кривична пријава за проневера на два милиони во Водовод Прилеп – Бил во СДСМ, па сега е во ЗНАМ
Рециклиран кадар на СДСМ преку ЗНАМ на Максим Димитриевски стана в.д директор на затворот во Прилеп. Владата на денешната седница го назначи Емил Јанески за в.д. директор на КПД Прилеп.
Диме Наумчески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Прилеп, соопштија денес од Владата.
Она што е интересно, е што ВМРО-ДПМНЕ претходно остро го критикуваше Емил Јанески како тогашен директор на Водовод Прилеп, бидејќи истиот има и кривична пријава.
– И по безмалку една недела од поднесувањето на кривичната пријава од страна на МВР против првиот човек на прилепски „Водовод и канализација“, Емил Јанески кој се товари за „несовесно работење во службата“ и предизвикување на штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.300.000 денари, од директорот се уште нема никава реакција. Предизвикани од неговиот молк, локалните опозиционери побараа Јанески јавно да кажел дали и колку се офајдил од оваа зделка.
„Според пријавата која ја заработи тој во текот на 2018 година во име на претпријатието спровел постапка за набавка на „уред за скенирање на подземни линии“ и наместо преку неа да овозможи рационално и ефикасно користење на средствата од претпријатието, после спроведената електронска аукција на која била постигната висока цена, наместо да ја поништи постапката затоа што цената била висока, Јанески донел и своерачно потпишал „одлука за склучување на договор“. – изјави Кети Спировска, ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.
Ова е реакција на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп во 2020 година, секако пред Јанески да се просветли и да стане член на ЗНАМ, па сега да биде погоден за директор.
Јанески исто така не е вработен во установата, со што исто како и Пандов е назначен незаконски бидејќи вршител на должност се назначува САМО од редот на вработените! Но во Министерството за правда уште го бараат законот кој го прекршиле, па ќе ги оставиме да го пронајдат едниот од вкупно четирите закони кои може да ја регулираат таа област.
Чесни кадри, нема што…
Во продолжение прочитајте како новиот в.д директор на КПУ Струмица барал мито од осуденици пред година дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…
СДСМ се огласи по повод изјавата на…
СДСМ бара Таравари да поднесе оставка
Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…
„Зголемените трошоци за живот се претворија во…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…
Починале 20 бебиња за 6 месеци –…
„Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на…