А да ги ѕирнеше дивоградбите во Чаир? Управувањето со отпадот и чистењето на дивите депонии се врвни приоритети, тврди Меџити

t

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска се обрати на шестата Меѓународна конференција „Патот кон одржливо управување со отпадот“, организирана од Здружението за управување со цврст отпад – MASWA.

Во своето излагање, Меџити нагласи дека одржливото управување со отпадот и развојот на циркуларната економија се меѓу приоритетите на Министерството, не само како одговор на климатските промени, туку и како можност за економски напредок преку зелени технологии.

„Управувањето со отпад претставува комплексен предизвик, но и можност за развој на иновативни технологии и за зајакнување на зелена економија. Министерството е посветено на изградба на регионални системи кои ќе ги исполнуваат највисоките европски стандарди, вклучувајќи ја и изградбата на првата регионална стандардизирана депонија во земјата“, рече Меџити.

Министерот ја потенцираше потребата од тесна меѓуопштинска и меѓусекторска координација, како и имплементација на ЕУ-стандарди, кои според него се клучни за транспарентен и ефикасен систем за управување со отпад. Тој исто така информираше дека Министерството презема мерки за чистење на дивите депонии, со цел да се создаде почисто и побезбедно опкружување за граѓаните и да се унапреди јавното здравје.

На крајот од своето обраќање, Меџити порача дека заштитата на животната средина е заедничка одговорност, а преку соработка меѓу институциите, општините и граѓаните, може да се изгради поздрава и поодржлива иднина за новите генерации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсенал илегално оружје и муниција пронајдени во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Арсовска: Ганиу со фалсификат во Чаир „легализирал“…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по…

Ивановска: Сега е шанса да се расчисти…

- Ова е шанса да се расчисти…

Чаир е 19-ти по број на дивоградби…

Директорот на Државниот инспекторат за урбанизам и…

Јакимовски до Тошковски за дивоградбите во Чаир:…

*Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Карпош,…