Банките по Нова година со зголемена каматна стапка за кредитите?

t

Банките се во финални анализи и пресметки за корекција на каматните стапки на банкарските производи. По зголемувањето на основната каматна стака на Народната банка ќе биде неминовно и раст на камтите на кредитите но и на депозитите. Од Македонската банкарска асоцијација за Алсат велат дека  банките и штедилниците, ги следат мерките и сигналите на монетарната политика и секоја од нив, прави проценка и одлука околу висината на промена на каматните стапки.

„ Некои наши членки веќе извршија корекција во каматните стапки, а со почетокот на новата година граѓаните може да очекуваат одредено зголемување на истите освен кај кредитите со фиксна каматна стапка каде нема да дојде до промена. Најголем удар се очекува да има и понатаму кај девизните и денарските кредити со девизна клаузула врзана за еуриборот“,велат од МБА.

Од Народната банка објавија дека ја зголемија основната каматна стапка за дополнителни 0,75 процентни поени, и сега каматата на благајничките записи скокна на 4,25 проценти. Според Централната банка ова е мерка за  стимулирање на штедењето, се со цел да се намали трошењето во време на инфлација, затоа што само по себе трошењето значи понатамошен притисок врз инфлаторните движења.

„Се очекува дека со мерката ќе се засилат започнатите промени во каматната политика на банките и дека банките ќе понудат поповолни камати за сите категории денарски депозити, придонесувајќи за посилен раст на штедењето во домашна валута. Истовремено, со оваа промена би се придонело за оптимално управување со ликвидноста“, објавиа од НАРОДНА БАНКА.

Од Народната банка велат дека каматата на депозитите за новопримените депозити стигна до 1,07 проценти, што е за 0,22 процентни поени повеќе од ланскиот септември кога беше 0,85 проценти.

Неофицијалните информациите кои ги доби Алсат од банкарскиот сектор е дека во периодот што следи банките повеќе нема да даваат станбени кредити со фиксна каматна стапка. Неизвеснота на пазарот на финансии го принудил банкарскиот сектор на ваков потег.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…