Барањето за дипломатскиот пасош според закон не е привилегија, велат од ДКСК

t

Повикувајќи се на член 11 од Законот за патни исправи, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) појаснува дека барањето за дипломатски пасош е „право, а не привилегија“, откако претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска, добила од МНР дипломатски пасош, а нејзините шест колеги членови поднеле барање за да го добијат.

– Дипломатскиот пасош според закон не е привилегија, туку е само право кое служи единствено за извршување на службената должност на членовите на ДКСК и тоа право никогаш нема да се употребува за приватни цели. Ова право не си го доделува самата ДКСК, туку законот кој го донел парламентот и министерот кој е овластен со процедура според законот. За да нема дилеми во јавноста и поради крајна транспарентност, го повикуваме и новиот министер за надворешни работи да ја преиспита одлуката за дипломатските пасоши на ДКСК, а исто така и пратениците самиот закон доколку сметаат дека има потреба од тоа – истакнуваат од Антикорупциска.

Во соопштението посочуваат дека во новиот состав на Антикорупциска работат „врвни професионалци избрани од Собранието со консензус од сите политички партии“ и дека „Собранието е првото место за контрола и оценка на нашата работа, а јавноста секогаш ќе биде навремено информирана за нашата работа“.

– Во оваа насока, а наспроти популизмот, наскоро на јавноста ќе и го презентираме извештајот за извршената внатрешната ревизија на институцијата, при што ќе побараме од сите надлежни институции да постапат согласно своите законски надлежности – пишува во објавата на ДКСК.

Комисијата нагласува и дека е „целосна дезинформација“ веста дека побарале нови возила за секој член на Комисијата и „одговорно изјавуваат“ дека „до ниту една државна институција никогаш не е испратено барање за доделување службени автомобили на членовите на ДКСК, вклучувајќи ја и претседателката Димитровска“.

– Во рамките на ребалансот на Буџетот на РСМ, ДКСК не побарува финансиски средства за купување автомобили. ДКСК како институција има потреба од службени возила и за нив ќе се бара соодветно решение, но потенцираме ниту се побарани, ниту ќе бидат барани одделни возила за членовите на ДКСК – се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ивановска: Сега е шанса да се расчисти…

- Ова е шанса да се расчисти…

Судот пресече: ДКСК мора да даде увид…

Антикорупциската комисија мора да му овозможи на…

(Документи) Државниот пазарен инспекторат работел без печат…

„Животните надвор гледаа од свиња на човек,…

Антикорупциска доби заменик-претседателка која ќе ја менува…

Билјана Каракашова Шулев е новата заменик-претседателка на…

Нови пријави до ДКСК: Сомнежи за незаконско…

Повеќепати оспоруваната Државна комисија за спречување на…