Барди: Благодарам Македонијо! Добро да размислиме пред следниот натпревар!
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, ги сподели импресиите од вчерашниот натпревар со Бугарија и кажа дека жали што не се завршило со триумф, а истовремено ѝ се заблагодари и на публиката.
„Со еден играч помалку бевме цел натпревар. Имавме и шанси за израмнување преку Алиоски и Дориев, но не ги искористивме. Од сите овие работи кои ни се случија, секој од нас, почнувајќи од мене, треба добро да размисли за следниот собир, да бидеме посериозни и повеќе одговорни во некои ситуации.
Овој натпревар го чекавме со голема желба, но фудбалот е таков. Од почетокот имавме играч помалку. Сакам да се заблагодарам до навивачите за поддршката, ова многу ни значи. Тие не бодреа 90 минути и веруваа во нас. Сакам да кажам дека мора да бидеме трпеливи и да размислуваме да одиме напред, за да имаме повеќе успеси“, изјави Енис Барди.
Македонија вчера во тензичен натпревар изгуби од Бугарија со еден спрема нула и со тоа заврши трета на табелата во нашата група од Лигата на нациите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…