Објавено на:

Басурин: Можно е да има уште “Азовци” во “Азовстал”

t

Заменик-началникот на милицијата на Доњецката Народна Република, Едуард Басурин, изјави дека е можно некои припадници на украинските безбедносни сили се уште да се на територијата на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол.

Басурин не ја исклучува таквата можност поради слабата координација меѓу нивните команданти.

Некоординираноста на генералната команда во „Азовстал“ доведе до тоа секој да живее на свој начин, секој да се крие во своето ќоше, па можно е да најдеме заостанати украински војници – изјави Басурин, а пренесува Тас.

Тој додава дека „целосното чистење“ на „Азовстал“ може да трае две до три недели бидејќи се работи за голема територија.

Има места за криење – објасни Басурин.

На 20 мај руското Министерство за одбрана објави дека челичарницата „Азовстал“, која беше последната линија на одбраната на украинските сили во Мариупол, е целосно ослободена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…

Путин му одговори на Трамп: Животот на…

Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше повикот…

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе…

Членството на Украина во НАТО повеќе не…

ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…

Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…

Путин во воена униформа ја посети областа…

Рускиот претседател Владимир Путин го посети командниот…