Бахреин го повлече амбасадорот и ги прекинува економските односи со Израел
Бахреин го повлече својот амбасадор од Израел и ги прекина економските врски со земјата, соопшти Претставничкиот дом на парламентот на Бахреин. Исто така, амбасадорот на Израел го напушти Бахреин.
„Тоа е потврда за цврстиот историски став на Бахреин кој го поддржува палестинското прашање и легитимните права на братскиот палестински народ, за кои неговото височество кралот зборуваше на сите настани и конференции“, се вели во соопштението на Претставничкиот совет на Бахреин.
Се нагласува дека продолжувањето на непријателствата, како и „израелската ескалација во светло на непочитување на меѓународното хуманитарно право“ го принудуваат Бахреин да преземе повеќе одлуки и мерки со цел да ги зачува животите на цивилите во Палестина.
Бахреин воспостави дипломатски односи со Израел во 2020 година како дел од Абрахамскиот договор инициран од САД за подобрување на односите меѓу арапските земји и Тел Авив.
Претходно, поради влошување на ситуацијата во регионот, амбасадори од Израел беа отповикани и од Јордан, Колумбија и Чиле, а Боливија објави дека ги прекинува односите со еврејската држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел призна дека го убил лидерот на…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во…
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска по интензивните…
Можен прекин на огнот меѓу Израел и…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска отпатува во…
Новиот сириски лидер: Немаме намера да влегуваме…
Шефот на сириската бунтовничка група „Хајат Тахрир…
(Видео) Нетанјаху се пофали: Придонесовме во падот…
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во неделата…