Објавено на:

Бајден го предомисли Нетанјаху – Израел го откажа итниот одмазднички напад врз Иран

t

Американскиот претседател Џо Бајден го одврати израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да одобри итен одмазднички напад против Иран, откако Техеран синоќа лансираше околу 300 нападни беспилотни летала и проектили врз Израел, објави Њујорк Тајмс.

Според весникот, неколку членови на воениот кабинет на Израел биле за итен одговор, но поради што иранскиот напад не предизвикал сериозни штети, Нетанјаху бил разубеден од Бајден.

Во тек е средбата на Воениот кабинет со кој претседава Нетанјаху на која ќе се донесе одлукла за понатамошните чекори.

Претходно, началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Сердар Багери, соопшти дека неговата земја преку дипломатски канали (швајцарската Амбасада) испратиле порака до САД во која го предупредуваат Вашингтон дека доколку соработува со Израел во нивните можни следни акции, американските бази „никаде нема да бидат безбедни“.

Багери кажа дека од иранска перспектива воената операција против Израел е „завршена“. Меѓутоа, тој во интервју за иранската агенција ИРИН, пренесено од Си-Ен-ЕН, нагласи дека иранските вооружени сили и натаму се во сосотојба на зголемена борбена готовност и подготвени се да „делуваат доколку тоа биде потребно“

-Доколку ционистичкиот режим одговори, нашата следна операција ќе биде многу поголема. Постапките на Израел во конзулатот беа одмаздени, моравме да одговориме, додаде Багери.

Иранските власти јасно ставија до знаење дека ноќешниот напад е одмазда за нападот на Израел на 1 април, во кој беше уништена зградата на иранскиот конзулат во сириската престолнина Дамаск.

Израел демантираше инволвираност во нападот во Дамаск, во кој загинаа неколку истакнати ирански воени функционери, меѓу кои и Мохамад Реза Захеди, висок командант на Револуционерната гарда.

Портпаролот на израелските одбранбени сили за Си-Ен-Ен изјави дека нивните разузнавачки податоци покажале дека зградата во Дамаск не е конзулат, туку „воена зграда на силите Кудс преправена во цивилна зграда“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Фрчковски давал наредби на Павле Трајанов…

Жестока дебата меѓу кандидатите за претседатели Стево…

Силјановска: Ние ја прифаќаме преговарачката рамка со…

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана…

Зеленски: Мора да ја забрзаме испораката на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…

Зајкова: Истите оние кои заедно сценираа конфликти…

„Истите оние што заедно сценираа конфликти и…

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе…

Носителот на изборната листа четири на СДСМ…