Бајден го предупреди Иран: Oбидот за убиство на Трамп би бил чин на војна
Американскиот претседател Џо Бајден го задолжи својот Совет за национална безбедност (НСЦ) да го предупреди Иран дека САД ќе го сметаат секој обид за атентат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како чин на војна, пишува „Вашингтон пост“.
Зад сцената, администрацијата на претседателот Бајден и потпретседателката Камала Харис, наводно, вршеле притисок врз Иран да ги прекине заговорите против Трамп и другите поранешни членови на неговата администрација во услови на зголемени безбедносни закани од Иран, објави весникот.
„Сметаме дека ова е прашање на националната и домашната безбедност од највисок приоритет и силно го осудуваме Иран за овие дрски закани“, се вели во соопштението на портпаролот на НСЦ, Шон Савет.
Според него, доколку Иран нападне некој од американските граѓани, вклучително и оние кои продолжуваат да им служат на САД или оние кои служеле во минатото, ќе се соочат со тешки последици.
Белата куќа се воздржа јавно да го предупреди Иран дека обидите за убиство на сегашни или поранешни американски функционери ќе се сметаат за чин на војна, но Бајден (81) му рекол на НСЦ дека тоа ќе им го соопшти приватно, пишува „Вашингтон пост“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…