Бајден и Кишида договорија блиска соработка во решавање на регионалните безбедносни предизвици
Американскиот претседател Џо Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ветија дека ќе одговорат на сите и тесно ќе соработуваат за решавање на регионалните безбедносни предизвици.
Белата куќа појасни дека предизвиците пред нив ги вклучуваат прашањето за севернокорејската нуклеарна и балистичка ракетна програма и заканувачкиот однос на Кина со кршење на меѓународното право.
Двајцата лидери го истакнаа противењето на какви било обиди за насилна промена на „статус кво“ состојбата на Тајван и ја повторија својата решеност да го одржат мирот и стабилноста во поширокиот Тајвански теснец.
Бајден и Кишида изразија поддршка за АСЕАН (Асоцијација на нациите од Југоисточна Азија) и ја истакнаа важноста од зајакнување на мултилатералната соработка во Индо-пацифичкиот регион.
Белата куќа додаде дека САД и Јапонија ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината одбрана од „бруталната и нелегална инвазија на Русија“.
Претходно, во разговор со Кишида, Бајден изјави дека целиот свет е побезбеден кога Вашингтон и Токио стојат заедно.
-Ние се залагаме за заеднички вредности, вклучувајќи и поддршка на храбриот народ на Украина додека ја брани својата суверена територија и повикувањето на Русија на одговорност за нејзината брутална агресија, рече Бајден, кој денеска пристигна во Хирошима на самитот на Г7, јави Кјодо. .
Американските медиуми пренесуваат дека Кишида го поздрави успешниот развој на односите меѓу САД и Јапонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Жена со бугарско потекло загина во Израел
Постара Израелка со бугарски корени загина во…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…