Бајден најави рекордна испорака на оружје во Украина
Американскиот претседател Џо Бајден денеска на прес-конференција во Мадрид го објави новиот пакет американска воена помош за Украина во вредност од околу 800 милиони долари.
Тој, исто така, најави дека коалицијата од повеќе од 50 земји ширум светот ќе испрати огромно количество оружје во Украина.
„Нашиот министер за одбрана собра повеќе од 50 земји, кои ветија дека ќе испратат оружје во Украина. Тоа е глобален напор за поддршка на Украина. Станува збор за речиси 140.000 противтенковски системи, повеќе од 600 тенкови, речиси 500 парчиња артилериско оружје, повеќе од 600.000 парчиња артилериска муниција и напредни повеќецевни ракетни фрлачи, противбродски ракети и системи за противвоздушна одбрана“, рече Бајден на прес-конференција во Мадрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…