Бајден: Трамп е закана за нашата демократија
Доналд Трамп е закана за нашата демократија, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден во објава на социјалната мрежа Х.
„Прво тој фрли сомнеж во нашиот изборен систем. Потоа фрли сомнеж во нашиот судски систем. А сега можете да го спречите“, додаде Бајден.

Доналд Трамп стана првиот американски претседател кој е осуден за кривично дело, а ова е централна тема во западниот печат. Комитетот од 12 поротници (седум мажи и пет жени) во Кривичниот суд на Менхетен во Њујорк го прогласи за виновен за сите 34 обвиненија поднесени против него во случајот за фалсификување документи за прикривање на исплата на пари во замена за молкот на порно актерката Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.
Милијардерот ќе поднесе жалба и на оваа казна, бидејќи досега ги обжали судските одлуки. Изрекувањето на пресудата е закажано за 11 јули, но голема е веројатноста дека ќе биде одложено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…