Објавено на:

Бајден: Трамп и републиканците се закана за демократијата

t

Американскиот претседател Џо Бајден ги посочи неговиот претходник Доналд Трамп и лично неговите републикански поддржувачи како екстремисти кои се закана за Уставот на САД и кои имаат намера, како што рече, да ја уништат американската демократија.

-Постојат опасности што не можеме да дозволиме да надвладеат, рече Бајден, обвинувајќи ги Трамп и неговите поддржувачи дека сакаат да употребат насилство за да ги нападнат демократските институции.

„Нацијата е на пресвртница и Американците треба да извикнат, ова не сме ние”, додаде тој.

МАГА републиканците (кратенката од предизборниот слоган на Трамп „Make America Great Again” или „Направи ја Америка повторно голема”) се обидуваат да го соборат сегашниот систем.

-Не е можно да се поддржува бунт и да се биде проамерикански. Запрете го нападот врз американската демократија, рече Бајден, споредувајќи го Трамп со автократите во историјата кои, како што рече, ги поткопаа демократиите, пренесува Гласот на Америка.

Американскиот претседател, исто така, изјави дека многу републиканци не го поддржуваат Трамп, но дека со Републиканската партија „доминираат, е водена и заплашувана од Доналд Трамп и републиканците од МАГА”.

-Сакам да бидам многу јасен, не секој републиканец е МАГА републиканец. Не секој републиканец ја прифаќа нивната екстремна идеологија. Ова го знам бидејќи имав можност да работам со нив. Верувам дека моја должност е да ви ја кажам вистината без разлика колку е тешко и болно. Според мене, ќе кажам што е точно: МАГА републиканците не го почитуваат Уставот, не веруваат во владеење на правото. Тие не ја признаваат волјата на народот и одбија да ги признаат резултатите од слободните избори, рече меѓу другото Бајден за време на говорот во Филаделфија пред Домот на независноста.

Американскиот претседател нагласи дека „до последен здив ќе се бори за демократија” и ги повика американските граѓани да му се придружат и да гласаат на претстојните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Блискиот Исток „тотално надвор од контрола“

Поранешниот американски претседател тврди дека е единствениот…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…

Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…

Бајден повторно фатен како чита одговори на…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…

Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…

Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…