Објавено на:

Бајден “уловен” на плажа пред да тргне во посета на Европа

t

Американскиот претседател Џо Бајден мина извесно време на плажата Рехобот во Делавер со првата дама Џил Бајден и другите членови на неговото семејство пред неговото патување во Европа.

Бајден денеска заминува кон Европа, каде ќе оствари посети на три земји. Првата негова станица е Лондон, каде во понеделник ќе се сретне со кралот Чарлс Трети за првпат откако е крунисан.

Следен е централниот дел на патувањето, самитот на НАТО во Вилнус, Литванија. Лидерите на Алијансата ќе дебатираат за војната и ќе ги ревидираат плановите за справување со руската агресија.

Последната станица во агендата на Бајден ќе биде Хелсинки, каде со неговите домаќини се очекува да го прослави проширувањето на Алијансата со Финска како најнова членка на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кос: Црна Гора и Албанија со најголем…

Албанија и Црна Гора постигнаа поголем напредок…

Германија размислува за повторно воведување на воен…

Во услови на дебата за зголемување на…

Макрон: Европа не може да биде вазал…

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Европа…

Време е Европа да се ослободи од…

Дали стратешката автономија на континентот е реална…

Русија: Милитаризираната Европа го загуби правото да…

Европејците, кои тргнаа по патот на милитаризмот,…