Објавено на:

Бајден “уловен” на плажа пред да тргне во посета на Европа

t

Американскиот претседател Џо Бајден мина извесно време на плажата Рехобот во Делавер со првата дама Џил Бајден и другите членови на неговото семејство пред неговото патување во Европа.

Бајден денеска заминува кон Европа, каде ќе оствари посети на три земји. Првата негова станица е Лондон, каде во понеделник ќе се сретне со кралот Чарлс Трети за првпат откако е крунисан.

Следен е централниот дел на патувањето, самитот на НАТО во Вилнус, Литванија. Лидерите на Алијансата ќе дебатираат за војната и ќе ги ревидираат плановите за справување со руската агресија.

Последната станица во агендата на Бајден ќе биде Хелсинки, каде со неговите домаќини се очекува да го прослави проширувањето на Алијансата со Финска како најнова членка на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

РЕЧИСИ 50 МИЛИОНИ ЕВРОПЕЈЦИ НЕ МОЖАТ ДА…

Речиси 50 милиони жители на Европската Унија…

Индискиот извоз на оружје во Европа пораснал…

Индија од 2023 година наваму продала на…

Цените на гасот во Европа за првпат…

Цените на гасот во Европа пораснаа за…

(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…

Протести поради растот на трошоците за живот,…