Без техничка влада нема ниту минимални услови за фер избори
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска јасно порача дека укинувањето на техничката влада значи директен удар врз можноста за фер и демократски избори.
„Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори“, истакна Димитријевиќ.
Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија, додадае тој.
Димитријевиќ предупреди дека во услови на целосна партизација на институциите, техничката влада е неопходна.
„Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се злоупотребува полицијата. Се носат резолуции со кои што практично се укинува слободата на говорот на опозицијата. Се злоупотребуваат парите во земјоделието. Масовниот надзор со 65 илјади камери нема контролни механизми ниту заштита од злоупотреби.“ потенцираше Димитријевиќ.
Во вакви услови е јасно дека „не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт“.
„Опозицијата мора да влезе во техничката влада и да се обиде да обезбеди барем малку услови за фер избори“, нагласи тој, додавајќи дека „СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми за да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Без техничка влада нема ниту минимални услови…
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ,…
Вандализирани трактори на двајца земјоделци кои присуствуваа…
Со испишани слогани „Предавници“ и издишани гуми,…
Општините потрошиле најмалку 785 илјади евра за…
36 општини во земјава спровеле тендерски постапки…
Дурмиши: Засега нема причина за мерки за…
Министерството за економија и труд засега не…
Трамп: Сè што е помалку од контролата…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја засили својата…