Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме

t

Министерството за економија и труд засега не гледа причина да реагира во однос на цените на храната затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. Доколку има енормно зголемување на цените, вели министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе реагираат и ќе се преземат мерки.

Тој денеска изјави дека во моментот не гледа причина за некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените.

– Засега не гледаме причина да преземаме некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените. Секојдневно ја следиме ситуацијата, во комуникација сме со претставниците од Државниот пазарен инспекторат и ако има потреба, ќе реагираме, но во декеври цените во делот на храната и пијалаците се намалени за 0,4 проценти. Убеден сум дека овој тренд ќе продолжи и оваа година – изјави Дурмиши.

Минатата година, како што посочи, направени се повеќе од 20 илјади контроли и изречени се 2,5 милиона евра глоба за оние трговци што се однесувале девијатно и ги зголемиле цените без економска оправданост.

– Мислам дека има повеќе контрола и се работи како што треба – рече Дурмиши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ уништи над 27,5 тони небезбедно УХТ…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача…

Николоски: Владата прави се што е во…

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери,…

Светските берзи најавуваат поскапување на храната

Глобалните цени на храната повторно бележат раст…

Мицкоски има две третини во Собранието, не…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека…