Објавено на:

БЕЗ ЧАДОР НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ ОД ДОМА: Денеска ќе биде нестабилно, ќе има пороен дожд и грмежи

t

Управата за хидрометеоролошки работи нѐ информираше дека времето денеска ќе биде локално нестабилно, проследено со пороен дожд и грмежи.

„Променливо облачно, со локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи“, се вели во соопштението на УХМР.

Според податоците на УХРМ минимална температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а максимална температура од 24 до 34 степени.

Прогноза за среда:

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минимална температура ќе биде од 12 до 21 степени, а максимална температура од 28 до 36 степени.

Прогноза за четврток:

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минимална температура ќе биде од 13 до 22 степени, а максимална температура од 29 до 38 степени.

Прогноза за петок:

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минимална температура ќе биде од 14 до 23 степени, а максимална температура од 30 до 39 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…

Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…

Во тешка работна несреќа што се случила…

Сериозна бура го погоди Јадранот, погодени делови…

Низ цела Црна Гора и Херцеговина попладнево времето…

ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци…

Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува…