Бектеши: Имаме обезбедено енергенси до крајот на грејната сезона

t

Министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата 24 Отворено рече дека индустријата има долгорочни договори, особено со Макпетрол, единствениот снабдувач со гас во државата и сега се обезбедени сите енергенси и грејната сезона е започната.

„До крајот на грејната сезона имаме обезбедено енергенси. Утре ќе ги доставиме нашите барања во делот на поддршката што треба да ја добиеме од Европската комисија и тие барања се за директна помош за индустријата за тие што се на слободниот пазар и директна помош со коофинансирање на ЕК заедно со буџетот на државата за поддршка на малите потрошувачи. Ќе ја прошириме листата на ранливите категории. Ќе бараме коофинансирање на проектите и субвенциите за сите домаќинства и мали компании. Сето ова утре ќе биде испратено до ЕК. Очекувам таа да даде поголема поддршка за нас зошто сме направиле големи отстапки“ – рече Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се ограничат маржите на 10 отсто…

Владата го задолжи Министерството за економија да…

Просечната нето плата во ноември 41.999 денари

Просечната исплатена нето плата во ноември изнесувала…

Во декември годишен раст од 12,4 отсто…

Вкупните депозити на годишно ниво во декември…

Од полноќ повисоки цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со…

Курсна листа: Колку чини еврото денес?

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…