Бектеши убеден: Пакетот закони за коридорите 8 и 10д ќе се донесат и автопатите ќе се изградат
Пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д ќе се усвојат и проектот ќе се реализира, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Одговарајќи на новинарски прашања во однос на очекувањата од Државната комисија за спречување корупција да реагира за предложените законски измени, на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 Мај, Бектеши рече дека враќање назад нема и оти тоа е завршена работа.
Имаме една од најголемите реномирани компании која ќе биде изведувач, а тоа е компанијата „Бехтел“ во конзорциум со „Енка“. Во делот на ДКСК јас секако би сакал само да ги повикам да бидат поекспедитивни имајќи во предвид дека веќе го имаат договорот и да излезат со нивните наоди. Значи, има институции – ДКСК, обвинителство па и другите институции нека си ја завршат својата работа – порача Бектеши.
Владата, нагласи, ги завршила своите работи, сега законите се во Собрание и очекуваат пратениците што побрзо да ги усвојат.
Веќе неколку закони колку што сум информиран се поминати во комисиите и чекавме на нивното гласање и да почнеме да работиме што ќе влијае позитивно и во делот на економијата. Имајќи предвид дека над 51 отсто од договорот ќе се реализира од домашни компании, а ние очекуваме тоа да биде и над 70 отсто – посочи Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…
Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…
Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…
Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…
Апасиев: Епа, дојде денот за мегдан!
Продолжува инаетот на власта за измените на…
Казни од 800 до 10.000 евра за…
Министерот за економија Крешник Бектеши апелира сите…