Апасиев: Епа, дојде денот за мегдан!

t

Продолжува инаетот на власта за измените на Законот за работни односи, вели пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, кој на Фејсбук објави дека дојде денот за мегдан.

-Денес, во 13:00 часот, продолжува МАГАРЕШКИОТ ИНАЕТ на власта да ги протне измените на Законот за работни односи на Комисијата за труд, со кои работниците ќе работат по 12 часа на ден!

Пратениците на Левица остануваат на браникот на работничките права, со поднесени 1.111 амандмани. Епа, дојде денот за мегдан! – напиша Апасиев.

Власта предлага измена на Законот за работни односи за работниците кои ќе работат на изградба на Коридорите 8 и 10д да можат да работат по 60 часа неделно.

Согласно моментално важечките законски прописи, во Македонија работната недела не може да трае повеќе од 40 часа во една седмица, а дополнително е уредена прекувремената работа, работата на државни празници и во недела, која сега е неработен ден.

Премиерот Ковачевски кажа дека доколку законските измени не се случат, ќе има потреба од увоз на странска работна сила за да се задоволат барањата на компанијата која ги гради коридорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Односите помеѓу Русија и Обединтеи Арапски…

Претседателот на Русија ја опиша блискоисточната земја…

Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…

Пратеник по Устав и по Деловник има…

Орбан со закон ќе ги контролира странските…

Унгарската владејачка партија Фидес планира да поднесе…

(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…

Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…

Апасиев: Партијата на Мицкоски со ново предавство,…

Говор на претседателот на Левица проф. д-р…