Објавено на:

Белата куќа си отвори ТикТок профил, првото видео од Трамп: „Јас сум вашиот глас“

t

Белата куќа отвори официјален профил на ТикТок, во момент кога се приближува новиот рок за компанијата ByteDance да ги продаде своите американски операции или во спротивно апликацијата ќе биде целосно забранета во САД.

Првиот објавен видеоклип содржеше моменти од јавните настапи на претседателот Доналд Трамп, кој во него изјавува: „Јас сум вашиот глас“, пренесува ДПА.

ByteDance, со седиште во Кина, подолго време е под критики во САД поради стравувања дека личните податоци на американските граѓани би можеле да завршат во рацете на кинеските власти.

Клучна точка на спор е алгоритмот на ТикТок, кој определува кои видеа ќе им бидат прикажани на корисниците. Критичарите предупредуваат дека Пекинг би можел да го користи алгоритмот за влијание врз јавното мислење во САД, што ТикТок и ByteDance постојано го демантираат.

Законот што лани го потпиша тогашниот претседател Џо Бајден предвидува ByteDance да се повлече од американскиот пазар или ТикТок да биде забранет. Трамп, кој го наследи Бајден, повеќепати го продолжуваше рокот за продажба. Најновото одложување беше на 19 јуни, кога даде уште 90 дена. Иако законот дозволува само едно продолжување, досега продажба не е реализирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа си отвори ТикТок профил, првото…

Белата куќа отвори официјален профил на ТикТок, во…

Захарова: Западот молчи за уништувањето на рускиот…

Западната меѓународна заедница не даде ниту една…

Кривична пријава против вработен во ЈП „Национални…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе…

На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577…

Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија…

(ВИДЕО) Кузеска: Новооснована фирма, зад која стои…

Соопштение на СДСМ: Скандалот во МВР со…