Објавено на:

Белата куќа си отвори ТикТок профил, првото видео од Трамп: „Јас сум вашиот глас“

t

Белата куќа отвори официјален профил на ТикТок, во момент кога се приближува новиот рок за компанијата ByteDance да ги продаде своите американски операции или во спротивно апликацијата ќе биде целосно забранета во САД.

Првиот објавен видеоклип содржеше моменти од јавните настапи на претседателот Доналд Трамп, кој во него изјавува: „Јас сум вашиот глас“, пренесува ДПА.

ByteDance, со седиште во Кина, подолго време е под критики во САД поради стравувања дека личните податоци на американските граѓани би можеле да завршат во рацете на кинеските власти.

Клучна точка на спор е алгоритмот на ТикТок, кој определува кои видеа ќе им бидат прикажани на корисниците. Критичарите предупредуваат дека Пекинг би можел да го користи алгоритмот за влијание врз јавното мислење во САД, што ТикТок и ByteDance постојано го демантираат.

Законот што лани го потпиша тогашниот претседател Џо Бајден предвидува ByteDance да се повлече од американскиот пазар или ТикТок да биде забранет. Трамп, кој го наследи Бајден, повеќепати го продолжуваше рокот за продажба. Најновото одложување беше на 19 јуни, кога даде уште 90 дена. Иако законот дозволува само едно продолжување, досега продажба не е реализирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пазешкјан разговарал со Моџтаба Хамнеи седум часа

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

60 пијани возачи се казнети за само…

Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…

Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…

Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…

Талогот на СДС повторно се појави. Овој…

Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг

Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…