Белгија враќа два нуклеарни реактори
Реакторите „Тиханге 3“ и „Доел 4“ треба да започнат со производство на електрична енергија најдоцна до ноември 2026 година, со оглед на неопходните регулаторни измени и да останат во функција најмалку 10 години, а белгиската држава и француската компанија подеднакво ја делат сопственоста.
За идните трошоци за преработка и отстранување на нуклеарниот отпад од сите нуклеарни постројки на француската компанија во Белгија се издвоени 15 милијарди евра, наведува белгиската агенција.
Белгиската влада минатата година донесе одлука за продолжување на работата на двата реактори за 10 години, а на почетокот на оваа година беше постигнат првиот конкретен договор со Engie, според кој француската компанија мора да вложи максимални напори да започне со производство на електрична енергија во зимата 2026/2027 година.
Договорот го зајакна снабдувањето со електрична енергија, ја намали енергетската зависност и гарантира производство на евтина електрична енергија со ниска содржина на јаглерод, изјави белгискиот премиер Александар Де Кро.
Во 2003 година, Белгија одлучи постепено да го укине производството на електрична енергија во нуклеарните централи до 2025 година, но дискусијата се одолговлекуваше неколку години. Реакторите Tihange 3 и Doel 4 се изградени во 1985 година и се најмладите од вкупно седумте реактори во Белгија. Двата се веќе исклучени од мрежата, а постапката за исклучување на уште три треба да започне до 2025 година, наведува агенцијата DPA.
Во анкетата направена на почетокот на годинава, 70 отсто од граѓаните го поддржале тој план, а речиси 60 отсто би поддржале и инвестиции во нови нуклеарни централи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…