Белгија го повлече целокупното производство на Киндер чоколади
Белгиските власти го прекинаа производството на Киндер чоколадите во фабриката во Арлон, откако матичната италијанска компанија „Фереро” достави „недоволни информации” за неодамнешното труење со салмонела во Европа.
Белгиската агенција за безбедност на храна денеска го повлече целокупното производство на Kinder Surprise, Kinder Mini Eggs, Kinder Surprise Maxi од 100 грама и Киндер чокобонбони произведени во Арлон.
Европската агенција за безбедност на храната и Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопштија дека од 5 април досега се идентификувани најмалку 134 случаи на салмонела, главно кај деца, во најмалку седум земји, а кои се поврзани со чоколадните јајца Kinder Surprise.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погледнете го уште еднаш спектакуларниот гол на…
Репрезентацијата на Македонија успеа да израмни со…
Чурлинов: Тактички ќе бидеме добро подготвени за…
Дарко Чурлинов беше полн со оптимизам пред…
Опасен инсектицид пронајден во јагодите од Србија…
Белгија издаде предупредување за присуство на форметанат…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…
Хорор во Белгија: Стоматолог блудничел врз пациентки…
Белгиските детективи досега идентификувале 55 жени-жртви на…