Белгија го повлече целокупното производство на Киндер чоколади

t

Белгиските власти го прекинаа производството на Киндер чоколадите во фабриката во Арлон, откако матичната италијанска компанија „Фереро” достави „недоволни информации” за неодамнешното труење со салмонела во Европа.

Белгиската агенција за безбедност на храна денеска го повлече целокупното производство на Kinder Surprise, Kinder Mini Eggs, Kinder Surprise Maxi од 100 грама и Киндер чокобонбони произведени во Арлон.

Европската агенција за безбедност на храната и Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопштија дека од 5 април досега се идентификувани најмалку 134 случаи на салмонела, главно кај деца, во најмалку седум земји, а кои се поврзани со чоколадните јајца Kinder Surprise.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

650 луѓе евакуирани по најголемиот пожар во…

Белгија продолжува да се бори со најголемиот…

Трагедија во Белгија: повеќе жртви во пожар…

Повеќе лица загинаа, а голем број се…

Белгија почна да произведува системи за откривање…

Белгија во соработка со австралиска компанија почна…

Хаос во воздушниот сообраќај во Брисел: Откажани…

Во белгискиот главен град Брисел е воведен…

Училишен автобус се удри во воз во…

Неколку лица загинале откако воз се судрил…