Беливук: Фотографиите од викендицата се фотошоп, машината за мелење месо е 3-4 поголема од вратата на просторијата
Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи прелиминарното рочиште против Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и другите обвинети од озлогласениот клан Беливук. Обвинетите дадоа изјави за доказите на обвинителството, а Миљковиќ и Беливук ја искористиле приликата да ги коментираат.
Беливук тврдел дека фотографиите против нив биле фотошопирани. Тој истакнал и дека машината за мелење месо во која, според тврдењата на обвинителството, обвинетите ги мелеле жртвите, потоа била донесена во викендицата во Ритопек.
„Машината е три до четири пати поголема од димензиите на вратата на таа просторија каде што обвинителот тврди дека е пронајдена. Не може да помине низ тој отвор и не е пронајдена таму, била донесена. ДНК можел да донесе било кој и да подметне. Со денови таму шетаа форензичари и министерот Вулин се сликаше. Затоа барам судот да го види предметот познат како „Убиство на шините“ за да видите што е направено таму со ДНК трагите. Замислете што се прави во овој случај“, рекол Беливук, пишува српска „Нова“.
При своето излагање тој ја споменал и српската министерка за правда Маја Поповиќ.
„Ќе ја докажеме нашата невиност, иако министерката за правда јавно не осуди на смртна казна. Таа се поправи дури подоцна, кога вниманието и го привлече она што го кажа. Психологијата вели дека секое живо суштество ја следи линијата на најмал отпор. Сведоците кои соработуваат се принудени да лажат, биле одведени во изолација наводно поради Ковид-19. На сведоците им се заканувале при апсењето и сослушувањето, а обвинетиот Шејиќ бил удрен во стомакот во СБПОК“, додал Беливук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…