Објавено на:

„Белиот император“ отвора нова ера во воздушната доминација: Прв лет на кинескиот ловец од 6-та генерација

t

Прототипот на кинескиот ловец од шестата генерација го имаше својот прв лет. Новиот авион при летот е придружуван од ловецот од петтата генерација Ченгду Ј-20.

Станува збор за борецот „Baidi B-Type“ или „Белиот император“.

Овој настан навестува дека Кина напредува во обидот да создаде ловец или ново беспилотно летало од шестата генерација. Според блогери од специјализирани воени интернет страници, авионот е способен да достигне суперсонична брзина, а дури може и да ја напушти атмосферата.

Тој е невидлив за радарот и е опремен со специјално дизајнирани млазници кои го намалуваат топлинскиот отпечаток. Покрај тоа, овој авион може да носи хиперсонично оружје.

Шестата генерација вклучува карактеристики на намалување на радарскиот сигнал, постигнување брзина од 5 маха, висок степен на автоматизација и беспилотна верзија на борбениот авион.

Сериското производство е сè уште далеку, но очигледно е чекор напред кон напорите на кинеската армија да стане првата војска со ловци од шестата генерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Белиот император“ отвора нова ера во воздушната…

Прототипот на кинескиот ловец од шестата генерација…

Тешко повреден скопјанец: Со возило удрил во…

На 27.12.2024 година во 09:20 часот во…

Мицкоски положи цвеќе на гробот на револуционерот…

Во чест на Македонскиот револуционер, борец за…

Русија тврди дека ја спречила Украина да…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во…

(Видео) Украинска активистка се обидува да украде…

Утрово Украинка, активистка на движењето „Фемен“, се…