Белорусија стана земја партнер на БРИКС
Министерството за надворешни работи во Минск соопшти дека Белорусија стана земја партнер на БРИКС откако претседателот Александар Лукашенко на 5 ноември преку писмо го информира рускиот колега Владимир Путин, за подготвеноста на земјата да се приклучи на организацијата како партнер, јави РСЕ.
Лукашенко во писмото наведува дека БРИКС од своето формирање континуирано ја зајакнува мултилатералната интеракција, станувајќи не само симбол, туку и еден од столбовите на мултиполарноста. Статусот на земја-партнер предвидува континуирано учество на специјални сесии, на самити и состаноци на министрите за надворешни работи на БРИКС.
Исто така, можно е да се поканат партнерите и на настани на министерско ниво, особено за трговија, на состаноци со претставници за националната безбедност и на парламентарни форуми. Партнерите можат да се приклучат на финалните документи на БРИКС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момче од Штип било принудувано да зема…
На 21.06.2025 во 18.10 часот во Штип,…
На Богородица и Табановце од македонска страна…
На граничните премини Богородица и Табановце, од…
САД ја повикуваат Кина да го одврати…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ја…
ВМРО-ДПМНЕ е виновно за состојбите вo Скопје
Работите по една година од владата на…
ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето…
Во време кога владеењето на правото и…