На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
На граничните премини Богородица и Табановце, од македонска страна, поради зголемена фреквенција има задржувања околу еден час. На останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија денеска од Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демократски пратеници: САД треба да го следат…
Демократските пратеници во САД во вторникот ја…
Нападнат шумски полицаец во Плачковичкиот регион
Вчера во 15:00 часот во СВР Штип,…
Мицкоски: Инвестиција на „Алказар“, Македонија отвора ново…
Уште еднаш, во мое име и во…
Концертот на Гета не помина без инциденти:…
По полноќ, за време на концертот на…
Мицкоски: За сите настани за 35 години…
Повеќедневната прослава на 35-годишнината на независноста на…