Белоруската војска ја заврши обуката за работа со тактичка нуклеарна муниција
Белоруските единици завршија обука во Русија за работа со ракети „Искандер“, вклучително и употреба на тактичка нуклеарна муниција, соопшти белоруското Министерство за одбрана.
„Единиците на оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“ на ракетните сили на Армијата на Белорусија завршија практична обука во Русија. „Денеска слетаа на аеродромот Мачулишчи, откако го завршија целиот циклус на подготовки на еден од полигоните во Русија“, се вели во соопштението на Министерството.
Обуката опфаќа унапредување на практиката во примената на ракетниот систем, подготовка за негово распоредување, како и тренинзи-борбени лансирања. Исто така, војниците детално се занимаваа со употребата на тактичка нуклеарна муниција.
Неодамна, белоруските пилоти исто така завршија обука во Русија за да бидат подготвени за употреба на нуклеарна муниција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црногорската влада воведе санкции против Белорусија
Владата на Црна Гора денес одлучи да…
Осум земји-кандидатки за ЕУ, меѓу кои и…
Европската унија одлучи да додаде 25 физички…
Од Европа само Македонија и Белорусија не…
Генералното собрание на Обединетите нации денеска ја…
Стејт департментот со предупредување до Американците да…
Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да…
Лукашенко: Во Белорусија има десетици нуклеарни боеви…
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потврди дека…