Објавено на:

Бербок: Ако сака во ЕУ, Србија мора да се придржува до санкциите кон Русија – Истото важи за цел Западен Балкан!

t

Србија мора да ја поддржи надворешната политика на Европската унија, вклучително и санкциите, доколку сака да стане членка на ЕУ, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

„Истото важи и за другите земји од Западен Балкан, кои деновиве јасно ставија до знаење дека својата иднина, својата безбедност ја врзуваат за Европската унија. Затоа повеќето се придржуваат до европските санкции. Затоа сакам да свртам внимание на некои земји, како што е Србија“, изјави таа за новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Според неа, „ако некој сака да стане членка на Европската унија, што го сака Србија, тогаш од централно значење е да се поддржи надворешната политика на Европската унија во вакви моменти и да се поддржат соодветни санкции“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Тројца уапсени во Србија по пад на…

Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…