Бербок: Доколку Укpаина падне, Молдавиjа е cледна

t

Поддршката за Украина го гарантира опстанокот на соседна Молдавија, изјави денеска шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, на конференцијата на која се разговара за загриженоста за активностите на Русија во регионот.

Се што правиме за да ја поддржиме Украина значи и поттикнување на стабилизација во однос на Молдавија. Јасно е дека најголемата грижа на луѓето овде е дека доколку Украина падне, Молдавија е следната, рече Бербок.

Германската министерка за надворешни работи пристигна во посета на Кишињев на министерскиот состанок на Молдавската платформа за партнерство, заедно со сојузниците од Франција и Романија.

Германија, еден од главните воени поддржувачи на Киев во Европа, ја лансираше платформата откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, прикажувајќи ја како дел од пошироките напори за стабилизирање на економијата на Молдавија и заштита од руски дезинформации.

Молдавската претседателка Маја Санду рече дека земјата сè уште се соочува со сериозни предизвици и ги повика партнерите да ја зголемат својата поддршка.

Руската војна против Украина, на која бевме сведоци уште од првиот ден, нанесе огромна штета на нашата економија. Неизвесноста предизвикана од војната сè уште сериозно го кочи нашиот економски развој и ќе го попречува се додека војната трае, рече Санду.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бербок: Доколку Укpаина падне, Молдавиjа е cледна

Поддршката за Украина го гарантира опстанокот на…

Португалија ѝ испорача на Украина шест руски…

Москва смета дека одлуката на Португалија да…

Хрватска ќе ѝ обезбеди на Украина 11-ти…

Хрватска ќе ѝ обезбеди на Украина единаесеттиот…

Пленковиќ во ненајавена посета на Украина

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска допатува во…

Блинкен најави нови 717 милиони долари помош…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави нова…