Бербок и Сијарто се испокарале за Украина?
Состанокот на германската министерка за надворешни работи Анален Бербок со нејзиниот унгарски колега Петер Сијарто заврши со конфликт околу ОТП банка и блокирање на помошта за Украина, пишува аналитичарот на „Политико“, Јакопо Баригаци.
Според четворица дипломати, Германија и Унгарија се судрија за време на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел во понеделникот околу улогата на унгарска банка во украинскиот конфликт.
„Бербок го прекори Сијарто затоа што одби да одобри дополнителна воена помош од ЕУ за Киев. Таа наведе и некои „нејасни изјави“ за унгарската ОТП банка, обвинувајќи ја за кршење на меѓународното право“, истакна аналитичарот.
Баригачи нагласи дека Будимпешта ги отфрлила обвинувањата и изјавите ги нарече невистинити.
Сијарто претходно најави дека Будимпешта има намера да се изјасни против доделувањето на 500 милиони евра од Европскиот мировен фонд за вооружување на Украина се додека ОТП банка е на списокот на „воени поттикнувачи“.
Претходно Украинската национална агенција за спречување на корупција објави дека унгарската банка е вклучена на таа листа поради, наводно, повластено кредитирање на руски војници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот 4iG по Црна Гора и Албанија…
Унгарската бизнис Групација 4iG, е заинтересирана за…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија…
Заменик претседателот на Владата и министер за…
Муцунски: Се заблагодарив за брзата реакција од…
Поддршка од Унгарија за справување со пожарите.…
Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…
Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…