Бербок: Путин се обидува да го одвои Западен Балкан од ЕУ
Рускиот претседател Владимир Путин „ќе продолжи да се обидува да изора царски ров низ Европа, што не само што ќе ја одвои Украина од нас, туку и Молдавија, Грузија и Западен Балкан“, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
– Ако Русија трајно ги дестабилизира тие земји, тоа би не направило сите ранливи – рече Бербок, додека членството во ЕУ го означи како потенцијално силна стабилизирачка сила, пишува новинската агенција dpa.
Шефот на германската дипломатија нагласи дека проширувањето на Европската унија со прифаќање на повеќе источноевропски земји во блокот е „геополитичка неопходност“, но ќе бара „длабоки“ реформи на нејзините институции.
Бербок ја повика ЕУ да подготви патоказ за спроведување на клучните реформи за време на следната сесија на Европскиот парламент, која исто така ќе ја земе предвид жестоката дебата за тоа дали дополнително да се прошири ЕУ со додавање на неколку земји во Источна Европа, потенцијално вклучувајќи ја Украина.
– Сакаме Украина да биде членка на нашата Европска Унија и убеденa сум дека и Европскиот совет во декември ќе го испрати овој сигнал – рече Бербок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…
Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…
„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…