Објавено на:

Бербок: Украинските напади со беспилотни летала врз Русија се во согласност со меѓународното право

t

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска оцени дека се почестите напади на украински беспилотни летала на руска територија се во согласност со меѓународното право.

„Русија ја нападна Украина и поради тоа Украина има право загарантирано со Повелбата на ОН да ја брани сопствената земја и својот народ“, рече Бербок, одговарајќи на прашање за можната опасност од ширење на конфликтот поради украинските напади со беспилотни летала во Подмосковље.

Според неа, Русија „безмилосно бомбардира цивилни цели во Украина, силоси за жито, болници и цркви“, додека Украина се брани во рамките на меѓународното право.

Бербок тоа го кажа на заедничката прес-конференција во Берлин со нејзиниот естонски колега Маргус Цахкна.

„Украина го следи меѓународното право и мораме да бидеме јасни во врска со тоа. Не зборуваме само за завршување на војната, туку и за следење на мировниот план на претседателот (Володимир) Зеленски. Тоа значи – потиснување на Русија во Русија“, рече Чахкна. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…