Објавено на:

Бериша до граѓаните: Каде и да видите министри, фрлајте по нив јајца или домати, зашто се главни виновници за поплавите

t

Повторувајќи го барањето до Владата да прогласи вонредна состојба по поплавите во земјата, лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша упати несекојдневен апел до граѓаните.

– Каде и да видите министри, фрлајте јајца или домати по нив, тие се главната причина за вашите несреќи, рече Бериша на тркалезната маса на дел од опозицијата и граѓанското општество.

Бериша образложи и зошто опозицијата бара техничка влада за подготовка на слободни и фер избори, бидејќи тие повеќе не постојат.

– Нашата мисија е соборување на оваа Влада и слободни избори. И второ, да не се попречува правдата, рече Бериша во обраќањето на средбата на која и покрај повикот не присуствуваа претставници на четири поголеми опозициски партии.

На обвинувањата дека Ввладата е главниот виновник за поплавите, премиерот Еди Рама рече дека со ваква ситуација не се соочува само Албанија, туку и поширокиот регион.

Порача дека „дождот не престанува со клевети или протести туку со застанување на страната на граѓаните“.

– Потребно е трпение. Реакциите ја хранат нервозата, во ваква ситуација не се бараат имагинарни виновници, туку им се помага на вистински луѓе. Не им требаат клевети и теории, туку поддршка и здружување на силите. Оваа ситуација не ја зафати само Албанија, туку од Италија до Грција, Црна Гора и Косово, па дури и Турција, му одговори Рама.

Во меѓувреме, локалните власти на Драч упатија апел до жителите да избегнуваат непотребни движења и да бидат максимално внимателни, по најавата дека се очекува Драч да се соочи со силни ветрови во наредните часови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бериша до граѓаните: Каде и да видите…

Повторувајќи го барањето до Владата да прогласи…

Почина жената што беше прегазена утрово кај…

Жената која беше прегазена на улицата „Народен…

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз…

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…

Мелони: Не верувам дека САД ќе го…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денес дека…

Македонски државјанин осуден на шест години затвор…

Вишиот суд во Лесковац, Србија денес донел…