Објавено на:

Мелони: Не верувам дека САД ќе го нападнат Гренланд

t

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денес дека не верува оти САД би употребиле воена сила за анектирање на Гренланд, предупредувајќи дека таков потег би имал сериозни последици за НАТО.

На традиционалната новогодишна прес-конференција, Мелони додаде дека е потребно „сериозно и значајно“ присуство на НАТО во арктичкиот регион, вклучително и во Гренланд.

„Сè уште не верувам во хипотезата дека САД би започнале воена акција за преземање на контролата врз Гренланд, опција што очигледно не би ја поддржале“, рече Мелони.

„Верувам дека тоа не би било во ничиј интерес. Не мислам дека би било во интерес ниту на Соединетите Американски Држави, да бидеме јасни“, додаде италијанскиот премиер. 

Американската воена операција со која беше соборен лидерот на Венецуела повторно ги разгоре загриженостите за намерите на САД кон Гренланд. Белата куќа во вторник објави дека САД разгледуваат повеќе опции за преземање на Гренланд, вклучително и употреба на воена сила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карни ја поддржа идејата за средба на…

Канадскиот премиер Марк Карни во средата даде…

Пакистански државјанин осуден на 27 и пол…

Пакистанскиот државјанин, 48-годишниот Асиф Мерчант, е осуден…

Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…

Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…