Бесими: Доколку не се отстрани проблемот со системот на ФЗО, платите ќе се исплатат од Трезорот

t

Синоќа во гостување на националниот сервис МТВ, министерот за финансии Фатмир Бесими, посочи дека е пронајдено решение за исплата на платите во здравството, дури и ако до понеделник не се реши проблемот со системот на Фондот за здравство.

„Очигледен е техничкиот проблем со системот во ФЗО, и тоа е хибридна војна која не се случува само кај нас, следствено на тоа и со исплатата на платите за здравствените работници. Доколку набрзо (зборувам за ден два) не се отстрани проблемот со системот на ФЗО, платите ќе се исплатат од Трезорот, а понатаму ќе се направи порамнување со буџетот на ФЗО. Мора да нагласам дека ФЗО има друг систем на исплата од трезорот па затоа е проблемот. Ова е вон редовните процедури, но е во рамки на законот“, нагласи Бесими.

На прашањето дали има доволно средства за исплата на платите на здравствениот сектор, министерот Бесими истакна дека буџетот е ликвиден, како и дека приходите во буџетот од почетокот на годината заклучно со средината на февруари се повисоки за 10 отсто во однос на истиот период лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев со критики кон бугарската Влада: Кој…

Како одговор на прашање за писмото што…

Колева: Државата никогаш не била толку понижена…

Не гледаме ниту еден конкретен резултат од…

Кривична пријава против 16-годишно момче од Скопје:…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник…

Кузеска: Спрема ли МВРО-ВМРО злоупотреби со личните…

„Непосредно пред локалните избори, во време кога…

Мециновиќ: Дали енергетскиот систем се води во…

На седницата за пратенички прашања, пратеникот од…