Бесими: Енергетски проекти, ветерни и фотонапонски електрани се приоритети во соработката со германската КФВ банка

t

Паркот на ветерни електрани Миравци, две фотонапонски електрани во кругот на ТЕЦ Битола, модернизација и надградба на комплексот Енергетика и соларна топлификација Битола, се проектите за кои од КФВ банката изразија интерес за поддршка на реализација во нашата земја, соопшти Министерството за финансии по денешната средба на министерот Фатмир Бесими и со директорот на Секторот за Југоисточна Европа и Турција во КфВ, Клаус Милер. 

„На средбата помеѓу министерот Бесими со директорот Милер беше разговарано тековното портфолио на проекти, како и идната соработка со банката. Тековно КФВ финансира проекти во вредност од речиси 200 милиони евра“, соопшти Министерството за финансии. 

Од Министерството за финансии велат дека Бесими на средбата се заблагодарил за поддршката што Македонија ја добива од КфВ банката, поточно за програмата за наводнување на Македонија во вредност од 80 милиони евра, ревитализација на хидроелектраните во вредност од 25 милиони евра, втора фаза од Ветерниот парк во Богданци со 18 милиони евра поддршка од КфВ банка, спроведување топлификација на Битола со 39 милиони евра од КФВ, енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во износ од 20 милиони евра и други проекти. 

„Поддршката која ја добиваме од КФВ банка за нас е од големо значење, а во моментов особено е значајна поддршката во секторот енергетика, која очекуваме да продолжи со уште поголемо темпо во иднина“, изјави Бесими.

KфВ развојната банка е дел од КфВ групацијата. Банката обезбедува долгорочен капитал и поттикнува инвестиции во инфраструктурата, финансиските системи и заштитата на животната средина.

Нејзината мисија во Македонија е промовирање на одржливиот развој, поддршка на процесот на транзиција и поддршка за пристапување кон ЕУ. КфВ е активна во Македонија од 1992 година.

„СР Германија е наш значаен поддржувач и партнер на нашиот пат кон евроинтеграција, како и наш најзначаен трговски партнер. Владата на СР Германија досега има инвестирано во земјава 500 милиони евра“, соопшти Министерството за финансии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…