Објавено на:

,,Бејби бум” во Србија: 19.200 евра за трето дете, а за четврто дури 27.000 евра

t

Вчера, на 1 октомври, во соседна Србија стапија на сила законски измени со кои се зголемуваат надоместоците за новороденчиња, односно паричната помош кое ја добива семејството кое добило принова.

Она што привлекува внимание е дека сумите се значително високи, особено ако се направи споредба со нашата држава.

Па така, надоместокот за прво дете е во износ од 4.200 евра, за второ во износ од 5.200 евра, за трето во износ од 19.200 евра, а за четврто во износ од 27.000 евра.

Иако законот стапи на сила вчера, сепак тој ќе важи ретроактивно за сите жени кои се породиле од почетокот на 2024 година.

Исплатата па ќе се врши по службена должност, што значи дека родителите нема да губат време за прибирање на документација и поднесување на истата, туку едноставно парите ќе им стигнат на сметка.

И во Македонија постои надоместок за новороденче и тоа за прво и второ родено дете. За прво дете е 5.000 денари, а за второ 20.000 денари.

,,Висината на еднократната парична помош за прво новороденче изнесува 5.000 денари.
Висината на еднократната парична помош за второ новороденче изнесува 20.000 денари.
Висината на еднократната парична помош се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година”, пропишува Законот за заштита на децата.

Барањата за исплата на еднократна парична помош за новороденче се поднесуваат до Центрите за социјална помош. Надоместок од неколку илјади денари исплаќа и општината чиј жител станало новороденчето. Сумите се различни, во зависност од општината, но во износ од околу 100 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

,,Бејби бум” во Србија: 19.200 евра за…

Вчера, на 1 октомври, во соседна Србија…

Вонредна седница на српското Собрание за литиумот…

За утре е закажана вонредна седница на…

Вучевиќ за воведувањето на воениот рок: 14…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска оцени…

Српската полиција понајде пиштоли, бомби и експлозиви…

Српската полиција пронашла поголема количина оружје и…

Вучиќ разговараше со Илон Маск: „Знае сѐ…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето…