БИА повикува на разговор, професорите притискаат, студентите низ Србија организираат нов голем протест!
Студентите не се откажуваат од блокадите, најавуваат и голем протест за Нова година на 31 декември. За да ги убедат надлежните дека нивните барања се исполнети, студентите мораа да објаснат што е сè уште недовршено, за тие барања да бидат оценети како решени …
Пред Обвинителството оставија илјада писма до главниот обвинител. Побараа и Загорка Доловац да си ја заврши работата, да се бори за право и правда, а не за политика и корупција.
Мораа да им објаснат на институциите што уште недостасува …
Недостасува:
– Градежен дневник
– Градежна книга
– Инспекциска книшка
– Записник за воведување на изведувачот на работното место
- Евиденција за примопредавање на работите и евиденција за конечна пресметка
– Сертификати за вградени материјали
Тоа е само дел од сложувалката што недостасува за да се добие конечната слика кој е одговорен за падот на настрешницата и смртта на 15 лица… Потсетуваат и дека не сите одговорни за нападите врз студентите се гонети.
„Документацијата не е комплетна. Одговорните не се уапсени, а да не зборуваме за тие што наредиле да се прават такви работи“, вели Алекса, студент на Земјоделскиот факултет.
Оној кој одговори на сите нивни барања, студентите го прогласија за ненадлежен.
„Нема сомнеж дека за нешто се во право. Тешко ми е да кажам дали ги разбирам целосно…“, вели Александар Вучиќ, претседател на Србија.
Се чини дека владата веќе мора да се сврти кон друга стратегија. Академиците не паѓаат на ветувања за евтини станови, не признаваат дека се исполнети барањата додека не се реши последната точка…
„Повеќето од оние работи кои досега беа испробани не вродија со плод. (Остатото е) она што го пробува господинот Вучиќ, но мислам дека и тоа нема да помине така лесно. Тоа е комбинација на скриена репресија врз студентите, притисок, сведоци сме дека некои студенти се поканети од БИА“, вели Душан Вучиќевиќ, вонреден професор на Факултетот за политички науки.
Се јавува БИА, притискаат и професорите.
Студентите на Факултетот за организациони науки добиле мејл од еден од професорите.
Прашањата кои немаат врска со математиката што ја предава, туку се занимаваат со студенти, активисти на блокадите и нивните адвокати, академиците ги гледаат како уште еден обид за заплашување.
А кои се тие прашања:
- Во својот јавен говор колегата Лазар ја спомна улогата на адвокатот Ахмед. Дали е тоа господинот Ахмед Делимеѓац кој го спомнува и г. Мирослав Алексиќ?
Дали г-дин Ахмед Делимеѓац работи во канцеларијата на адвокатот и поранешен министер г-дин Сеад Спаховиќ?
- Дали г-дин Ахмед Делимеѓац е поврзан со неговиот колега Давуд Делимеѓац, од ФПН? Што мислите за ставовите на колегата Делимеѓац во врска со злосторствата во Сребреница?
- Што мислите за ставовите на господинот Спаховиќ?
- И за крај, дали искрено верувате дека овој протест не е политизиран и дека не сте само злоупотребени за нечии политички цели?
Наместо студентите, на ова писмо одговори еден од споменатите, адвокатот Ахмед Делимеѓац.
Ваквото писмо е доказ, велат, дека професорот како да ја претпочита Безбедносно-информативната агенција пред своите студенти…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Тројца уапсени во Србија по пад на…
Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…